Секој има приказна.
Ајде заедно да ја раскажеме твојата.
Веруваме дека секој бренд има приказна. И повеќе од една. Но, не секој знае да ја препознае вистинската, уште помалку да ја раскаже на вистински начин.
Како пионери во креирање на „social-first“ содржина низ годините, станавме непогрешливи експерти во изнаоѓање на скриената приказна, онаа која на најдобар начин ги поврзува потрошувачите со вашиот бренд.
Фактот што нашите приказни имаат 54% ангажираност (engagement rate), што е 10х повеќе од посечните постови на социјалните мрежи, покажува дека во време на презаситеност од пораки нашите сепак успеваат да го најдат својот пат до публиката и да го задржат нејзиното внимание.
Просечното внимание на корисниците на социјалните мрежи континуирано паѓа, од 8 секунди во 2016 на 3,4 секунди во 2021. Истовремено, 90% од публиката прескокнува на следната содржина на секое гледање на рекламна содржина.
Затоа, во време на постојана промена на форматите, каналите и трендовите, единствено добрата приказна остана константно поле на интерес на публиката. Приказните се единственото нешто што не може да биде ископирано. И единственото нешто што може да го хуманизира вашиот бренд а во исто време да ви донесе добри бизнис резултати.
Раскажувачкото студио Види Вака нуди различни типови на соработка, согласно моменталните потреби на клиентот.
Соработката што може да ја оствариме е флексибилна, од еднократна потреба за креирање раскажувачка содржина до креирање на комплетна стратегија за раскажување и наративно позиционирање на брендот.
Креирањето на комплетна раскажувачка стратегија подразбира заедничко утврдување на носечките наративни содржини поврзани со вашиот бренд или продукт.
По потреба, заеднички можеме да го редефинираме и позиционирањето на брендот, визуелниот идентитет и клучните пораки, со цел да го унапредиме потенцијалот за креирање впечатливи приказни кои ќе се издвојат во инфлацијата од рекламни пораки.
За ова користиме методи и алатки како Brand Sprint, Empathy Map, Business Canvas и слични.
Со закажување на средба со тимот на Види Вака Раскажувачко студио добивате бесплатна анализа на моменталното позиционирање на вашиот бренд или продукт, која ќе ви биде презентирана на состанокот заедно со првични, основни идеи и насоки за подобрување на истото.