Ние сме експерти
во раскажување приказни

Како пионери во креирање на „social-first“ содржина низ годините, станавме непогрешливи експерти во изнаоѓање на скриената приказна, онаа која на најдобар начин ги поврзува потрошувачите со вашиот бренд.

Фактот што нашите приказни имаат 54% ангажираност (engagement rate), што е 10х повеќе од просечните постови на социјалните мрежи, покажува дека во време на презаситеност од пораки нашите сепак успеваат да го најдат својот пат до публиката и да го задржат нејзиното внимание.

Кампањи за општествена одговорност

Затоа што новите генерации потрошувачи градат лојалност кон брендовите врз основа на нивната општествена одговорност и каузите кои ги поддржуваатза кои се залагаат.

ЗАЕДНО И СÈ Е МОЖНО
CSR Кампања за Скопско
Јас внимавам

CSR Кампања за ОКТА

Раскажување за каузи

Загоа што луѓето не се соживуваат со фактите и слоганите. Единствено раскажувањето може да ги стави во туѓи чевли и да направи да ја заземат вистинската страна.

Докусеријал: Пандемониум

INTERNEWS

Европска недела на мобилност
EUROPE HOUSE

Интерактивни видеа

Затоа што вниманието на публиката станува сè покусо. Само гемифицирано искуство и контролата над содржината може да го задржи на подолг рок.

Охрид со Фибула

Интереактивно видео за туризам

Employers branding & Recruiting video

Демо за IT индустрија

Брендокументарци и мултимедијални формати

Затоа што класичната рекламата одамна не е формат преку кој најдобро можете да ја подигнете свеста за вашиот бренд и да си обезбедите лојалност од публиката.

Брендокументарец

5 до 12

Мултимедијална приказна
Скопски Jazz фестивал

Едукација низ забава

Затоа што најдобриот начин да се подигне нивото на свест за одреден проблем е тој да се доближи на јавноста низ забава и игра.

САМ СИ ГО БАРАЛ

Краток филм

СПИНОКИО

Boardgame за медиумска писменост

Раскажувачка стратегија

Затоа што раскажувачката стратегија е новата маркетинг стратегија а US (unique stories) се новите USP (unique sales propositions).

BRAINSTER NEXT COLLEGE
ОГАНСКА ВИНАРИЈА КРШЛА

Нашите приказни низ бројки

0 +
видео раскажувачки содржини
0 +
интерактивни раскажувачки содржини
0 +
награди за креираните соджини
0 +
следачи на нашите канали на социјалните мрежи
0 +
прегледи на нашите содржини месечно
0 %
Интеракција на нашите содржини (10х повеќе од просекот)

ЗОШТО ПРИКАЗНИ, А НЕ РЕКЛАМА И ПРОМОЦИЈА

Просечното внимание на корисниците на социјалните мрежи континуирано паѓа, од 8 секунди во 2016 на 3,4 секунди во 2021. Истовремено, 90% од публиката прескокнува на следната содржина на секое гледање на рекламна содржина.

Затоа, во време на постојана промена на форматите, каналите и трендовите, единствено добрата приказна остана константно поле на интерес на публиката. Приказните се единственото нешто што не може да биде ископирано. И единственото нешто што може да го хуманизира вашиот бренд а во исто време да ви донесе добри бизнис резултати.

РАСКАЖУВАЊЕ ПРИКАЗНИ

  • Добрата приказна сама ја привлекува публиката и ја пренесува пораката на вашиот бренд без да го експонира вашиот продукт на нападен начин
  • Добрата приказна сама го наоѓа патот до најшироката публика бидејќи луѓето се склони да ги споделуваат приказните кои емотивно ќе ги допрат
  • Преку приказните вие градите заедница и придонесувате вашите потрошувачи на подлабоко емотивно ниво да се поврзат со вашиот бренд, долгорочно

РЕКЛАМА И ПРОМОЦИЈА

  • Класичната реклама го „турка“ вашиот бренд пред очите на публиката која не секогаш сака да биде прекината од рекламна порака
  • Досегот на класичните маркетинг пораки најчесто зависи од буџетот наменет за нивна дистрибуција
  • Односот со потрошувачите што го гради традиционалниот маркетинг е трансакционален и не создава долгорочна поврзаност со брендот

Соработувај со нас

Доколку сакаш да работиш на нашите проекти или имаш проект кој би сакал да ни го предложиш, види повеќе за можностите за соработка со Види Вака Раскажувакото студио.

НАШИТЕ ПАРТНЕРИ И КЛИЕНТИ